Вевчанци ја подготвија најдобрата рибна чорба, освоија прво место во Босна

На натпревар во Босна, вевчанци подготвија најдобра рибна чорба.

89 екипи од Република Србија, Унгарија, Македонија, Хрватска, Словенија, Италија и Австрија учествуваа на традиционалната „Котлијада“ во Котор Варош.во Босна и Херцеговина.

На нартпреварот во Босна беа Бошко Влајнкиноски и Горѓи Калајџиески од општина Вевчани.

Најдобрата рибна чорба ја подготви екипата од „Вевчани“ од Северна Македонија, втора беше екипата „Хиландар“ од Бањалука, а третопласирана беше екипата „Крки“ од Котор Варош.

Според оценката на жирито, најдобрата ловечка чорба ја подготвија членовите на екипата на Месната заедница Масловаре, второто место и припадна на тимот на Здружението на граѓани „Петар Кочиќ“ од Сомбор, а третото на Здружението на граѓани“ Бурча“ Котор Варош, пренесоа босанските медиуми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани