Ќе се реконструира студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Ќе се реновира државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. За овој зафат, со кој е предвидена целосна реконструкција почнувајќи од фасада, кров, уредување на собите и канцелариите, кујната и ресторанот, обезбедени се два милиони евра, а треба да започне во октомври годинава.
Поради локацијата на објектот се чека дозвола од Унеско за поставување на фотоволтаични системи за енергетска ефикасност, кои според препораките не се дозволени во заштитениот појас.

-„Се уште сме во преговори со канцеларијата на Унеско, ние бараме горе на кровот да поставиме фотоволтаици за искористување на сончевата енергија. Меѓутоа државниот студентски дом се наоѓа на една линија на заштитено подрачје.0348 Се уште со Унеско преговараме за поставување на тие фотоволтаици, бидејќи не ни дозволуваат да поставиме фотоволтаици“, вели Жарко Куционоски директор на студентскиот дом „Никола карев“ Охрид.

Студентскиот дом во Охрид,поради атрактивната локација на брегот на Охридското Езеро, по завршувањето на школската година, работи комерцијално со сместување на туристи. Цените се доста ниски, па има голем број групи од земјава и странство.

-„Морам да напоменам дека законот за студентски стандард ни го дозволува тоа да ние работиме комерцијално во летните месеци, но и ако имаме ние слободни соби односно слободен капацитет да можеме да ги искористиме за комерцијално работење, а тие средства ќе ни послужат нас за одржување на државниот дом “, додава Куциноски.

Студентскиот дом во Охрид е депандас на поранешниот хотел Палас, кој како дом работи од 1998 година. Објектот е во поодминати години, но добро одржуван, има 220 легла, а според најавите за оваа сезона веќе има резервации за туристи од Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани