

Две лица се тешко повредени, откако автомобил удрил во нив на пешачки премин во центарот на Струга. Повредените, кои според неофицијалните информации биле сопруг и сопруга, со тешки повреди се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија св Еразмо во Охрид
Сообраќајката се случила во близина на новата општинска зграда, кај хотелот Дрим.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за ОхридНет ја потврди сообраќајката, подетални информации најави за утре.