

Надлежните си ја префрлуваат вината,но решение нема за обесправената матурантка Тијана Силјаноска од Охрид, на која и е ускратено правото да полага државна матура во јуни.
Поради административен превид нејзиното име не беше на списокот мегу 200 те матуранти од охридската гимназија Свети Клиемнт Охридски, па беше вратена дома. После реакцијата на нејзините родители во медиумите, викендов, на ученичката, од училиштето и е дозволено да ги полага интерните предмети во јуни, но сепак државната матура ќе мора во август.
Таткото револтиран , вели поради грешка кај надлежните во училиштето девојчето, кое е солиден ученик, нема да може да се запише на планираниот факултет за Физиотерапија во Словенија.
– „Ќерка ми сакаше да студира во Љубљана сега тоа право и е спречено од толку агилната админист рација и директорката во гиманзија. Нека сноси некој одговорност нека види кој е виновен. 0338 Момичето моментално е под седативи дома“, вели Боби Силјаноски родител.
Се работи за административен пропуст од февруари, но никој до денес не алармирал. Случајот го пријавија до сите надлежни инспекторати, од каде велат дека ученичката е обесправена.
– „Значи можам да кажам слободно дека тој ученик е обесправен. Констатирано е дека ученичката во моментот на давање на списокот не била присутна на училиште и не била потпишана во списокот за кандидати кои што треба да ја полагаат државната матура,но тоа не дава за право да ја нема на списокот за матура,што значи дека било кои претставници од педагошко-психолошката служба во училиштето, треба да сносат одговорност“, вели во телефонска изјава Марјан Бошалески-советник во Биро за развој на образование подрачно одделение Охрид:.
„ Мојата ќерка била оправдано отсутна од школо.Никој до ден днес не и кажал дека пријавата не е потшишана“, додава Силјаноски.
Од државниот испитен центар, вината ја лоцираат во училишната матурска комисија, ја испуштиле матурантката од спсисоците.
-„ Согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31-ви декември во тековната година. Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15-ти февруари. Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на ОСУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката Тијана Силјаноска“, се вели во соопштението од ДИЦ.
Од охридската гимназија се правдаат, велат се обиделе да ја решат ситуацијата но не наишле на разбирање од надлежните институции.
– Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции. На ученичката ќе и’ биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија, стои во соопштението на гимназијата Свети Климент Охридсски.
На Тијана и е ускратено и првото два пати да полага државна матура, таа ќе може само еднаш и тоа во август. Родителите бараат одговорност, министерот за образование најави дека ќе го испита случајот, реакција пристигна и од политичките партии.
Новинар Соња Рилковска