

Општина Вевчани и Институтот „Конфуциј“, потпишаа Меморандум за соработка.
Денес во просториите на Општина Вевчани потпишавме меморандум за соработка помеѓу Општина Вевчани и Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје претставуван од двајцата директори на Институтот , македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј.
Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура, организирање на културни настани, семинари и работилници кои водат кон продлабочување на соработката помеѓу Општина Вевчани и Народна Република Кина, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

