

На 01.06.2023 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ имаше ден на отворени врати за учениците од завршните одделенија од основните училишта во Охрид.
На овој отворен ден учениците имаа можност да се запознаат со сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот центар. На учениците од основните училишта им беа презентирани просторните услови за изведување на теоретската настава и кабинетите каде се изведуваат практичните вежби.
Во рамките на отворениот ден своја презентација имаа и компаниите кои се наши партнери при спроведувањето на концептот на дуално образование.