Рекорден број натпреварувачи на „Охрид ТрчаТ 2023“

На седмото издание на спортската манифестација охрид ТрчаТ ќе има 1930 учесници од 28 држави .

Од 02-04 јуни во уникатниот амбиент низ улиците на древниот Охрид, љубителите на спортот ќе може да ги совладаат спортските подвизи кои си ги поставиле, да се дружат и најважно од се да уживаат во убавините на градот. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој и самиот ќе учествува со стартниот пакет „1“, вели дека оваа манифестација е предвесник за успешната туристичка сезона која ни претстои. Вети дека и во иднина локалната самоуправа во рамки на своите можности ќе го поддржи ова спортско случување.

„Овој настан самиот по себе претставува најава за претстојаната летна туристичка сезона. Странските учесници на настанот одблиску ќе го запознаат Охрид и неговата убавина, изобилството на културни и историски знаменитости. Верувам дека поради тоа, покрај настанот „Охрид трчаТ“ ќе не посетуваат и во текот на турстичката сезона и во текот на целата година“, се надева – Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.

Годинава на „Охрид трчаТ” ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи во трките на 5 и 21 километар, во индивидуална конкуренција и штафета. За нив ќе се погрижат над 250 волонтери од разни профили, помагатели и спортски професионалци, кои интензивно работат организацијата на настанот и овој пат да биде на највисоко ниво, што е препознатлив белег на „Охрид трчаТ”. Растот и развојот на манифестацијата е благодарение на помошта од локалната самоуправа, истакна Иван Цевткоски од организациониот одбор на манифестацијата. Особено е горд што годинава 46% од учесниците на полумаратонската трка се странци.

Извор ТВМ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани