

По силното невреме, кај Љубаништа охридско, синоќа, состојбата е нормализирана. Патот Охрид-Свети Наум е отворен за сообраќај со една лента. Се работи на комплетно расчистување. Од ЦУК велат, освен големиот одрон од камења, песок и кал на патот , нема други пријавени штети од страна на граѓаните.
„Во текот на денот во претпладневните часови, комплетно ќе се дорасчисти, ќе се исчисти коловозот и ќе биде оспособен за сообраќај. Инаку сообраќајот е прооден, има цела регија електрична енергија, состојбата е нормализирана. Таа регија синоќа беше без струја, но ЕВН околу 22 30 часот воспостави електроснабдување и патот беше уште синоќа пуштен наизменично, некаде околу 22 часот можеби и порано. Меѓутоа сега и според АМСМ моментално е со регулиран сообраќај, со наизменично прпуштање и може да минуваат секаов вид возила. Ние ја сметаме состојбата редовна“, вели Митко Темелкоски од ЦУК Охрид.