Во Света Софија Охрид богослужба за обединување на МПЦ ОА и СПЦ

Со света архиерејска литургија, утрово во катедралната Света Софија во Охрид се одбележа  годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

Нема достапен опис.

Оваа богослужба има историска важност бидејки го означи обединувањето на трите црквени структури:  МПЦ ОА, СПЦ и ПОА на Вранишковски.

Нема достапен опис.

По одлуката на  Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието минатиот месец за доделување канонски отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) на Вранишковски,  и нејзино интегрирање во МПЦ-ОА,  четирите владици на ПОА, задно со свештениците  се враќаат во МПЦ-ОА.   Јован Вранишковски стана митрополит на МПЦ ОА.

Оваа одлука ќе биде потврдена и на Синодот на МПЦ ОА на 20 ти јуни.

– „И во тешките две и пол столетија во неканонското забранување на дејноста на Охридската архиепископја како богољубив народ покажавме дека нашиот однос со Бога е толку длабок, што никакави надворешни историски условиени пречки не можат да го нарушат“, изјави г.г. Стефан Архиепскоп на МПЦ-ОА.

Голем број свештени лица, владици,монаси,  митрополити и верници денес беа дел од богослужбата на обединување, љубов и разбирање.

Нема достапен опис.

-, Не постојат повеќе цркви, постои само една света соборна и апостолска првославна црква ,постојат организации и администрација епископии,митрополии на афтекефалните цркви.но секоја афтокефлана црква је во нераскинлова врска со сите други помесни цркви“ – изјави Порфириј  Патријарх на СПЦ.

Македонскиот архиепископ г.г. Стефан го одликуваше патријархот  Порфириј со орден Свети Климент Охридски, а Патријархот  за возврат му го подари својот жезол.

Нема достапен опис.

– „Одличието орден на Свети Климент Охридски од прв ред се доделува на неговата светост Патријархот Српски г. г. Порфириј за покажана љубов кон македонската православна црква и кон благочестивиот македонски народ,посведочена преку доделување на Томосот за афтокефалност на МПЦ ОА, изјави Климент-епископ на Преспанско-пелагониска епархија.

Нема достапен опис.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни лани  му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на  СПЦ  да ја одобри автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Нема достапен опис.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани