

Доколку утре се одржат парламентарни избори, за 2,2 отсто од испитаниците, пак, опција е неважечко ливче, а 16,7 проценти рекле дека нема да гласаат.
Доколку утре се одржат парламентарни избори, 21,5 отсто од гласачите својот глас би го дале за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 проценти би се определиле за владејачкиот СДСМ, а 6,2 проценти би гласале за ДУИ.
Ова, меѓу останатото, го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ) насловено како „Северна Македонија: Перцепција на граѓаните за општата состојба, економските политики и заштитата на потрошувачите“.


За 2,2 отсто од испитаниците, пак, опција е неважечко ливче, а 16,7 проценти рекле дека нема да гласаат.
На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, колку е веројатно дека ќе излезете да гласате?“, одговор дека би гласале дале 71 процент од испитаниците, а дека не би гласале – 23 отсто.


„Со одговор ‘дефинитивно ќе гласам’ се 32,6 проценти, ‘најверојатно ќе гласам’ 38,5 проценти, ‘веројатно нема да гласам’ 10,4 проценти, ‘дефинитивно нема да гласам’ 12,9 проценти, ‘не знае’ пет проценти, а одбиле да одговорат 0,7 проценти“,се вели во истражувањето на НДИ.
Истражувањето на Националниот демократски институт е спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1 003 испитаници на возраст од над 18 години, со метод лице в лице.
Инаку, неодамна беа објавени резултатите од истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), според кое, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, 20 отсто од гласачите би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ.