Националното здружение „Храбро срце“ бара министерот за здравство да ја повлече одлуката за разрешување на д-р Јовев

Националното здружение „Храбро срце“ со остра реакција за разрешувањето на д-р Сашко  Јовев,  директорот на клиниката на Кардиохирургија.  Бараат министерот за здравство  да ја преиспита  и повлече одлуката, со која е разрешен најголемиот професионалец  заслужен за напредокот на кардиохирургијата во земјава.

Оваа непромислена  одлука, велат им ги уби сите надежи на пациентите со срцеви заболувања, кои токму во Јовев гледаа можност за трансплантација замена на механичката пумпа со срце.

-„Ова ние како здружение го гледаме како една грешка на министерот, човеќки е да се згреши но човечно е да се признае грешката и да се повлече. Ние апелираме до минисетрот за здравство да ја признае грешката и да ја повлече одлуката за разрешување на професорот Јовев и да го остави да си ја води работата како што знае и умее“, вели Васко Јолески претседател на НЗ „Храбро срце“.

Од националното здружение „Храбро срце“ велат,  како револтирани пациенти  ќе поддржат и протести против одлуката на министерот.

-„Националното здружение Храбро срце во полн број сите едногласно поддржиуваме секакви протести за да се исправи ваа неправда. Човеќки е да се згрежи но почовечки е да се исправи грешката“, додава Јолески.

Од „Храбро срце“ велат д-р Јовев , секогаш бил достапен за пациентите, токму со него во тек биле пеговорите за изведување на првата трансплантација за замена на механичка пумпа со срце од донор. За ваков зафат чекаат 15 тина пациенти во земјава, а најмладата има само 27 години.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани