Во недела акција за чистење во Пештани

М.З. Пештани во координација со Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид организира работна акција за расчистување и уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во атарот на селото на ден 11.06.23 (Недела) со почеток во 08:00 часот.

-Апелираме до сите совесни граѓани ако се во можност привремено да ги поместат сите пловни објекти на делот од почетокот на Пештани кај Аква Блу до сретсело како би можеле подобро да ја извршиме нашата работа. Исто така апелираме и до сите слободни жители на Пештани да дојдат и да помогнат во оваа акција, информираат од МЗ Пештани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани