Граѓанска наука во Национален парк Галичица

Успешно реализирана четвртата работилница за Граѓанска наука во рамки на проектот Натура2000.

-„Процесот на Граѓанска наука активно се спроведува неколку месеци во Национален парк Галичица, а бројот на активни волонтери постојано се зголемува. Во потрага по зададените Натура2000 видови започнавме со теренски активности, каде во присуство на експерти се истражуваше одреден локалитет во НП Галичица. Голема благодарност до експертите: академик д-р Владо Матевски, проф. д-р Рената Ќуштеревска, проф. д-р Митко Костадиновски, проф. д-р Александра Ц. Ѓорѓиевска, д-р Методија Велевски, Сара Цветаноска, Ангела Иванова и Богољуб Стерјовски, кои ни се приклучија на оваа теренска активност и направија за уште поголема успешност на процесот Граѓанска наука.Денешната бројка на активни волонтери ги надмина нашите очекувања, што е доказ дека навистина можеме заеднички да придонесеме кон подобро управување во НП Галичица“, информираат од НП Галичица.

May be an image of 6 people and people climbing

May be an image of 5 people

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани