

Избрани најдобрите ученици во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
Најблескавите меѓу ѕвездите, оние кои неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се работи за претставување на гласот на учениците.
ПРЛИЧЕВЦИ кои со сите свои дела и успеси ја одбележаа оваа генерација:
ЛЕО НЕЛОСКИ – ПРЛИЧЕВЕЦ ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА
Пофалени ПРЛИЧЕВЦИ кои го одбележаа своето образование со континуиран одличен успех и афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности.
ТЕОНА ТАЛЕВСКА
ИВАНА СЕКУЛОСКА
ЕМА ЧЕПУЊОСКА
Пофален ПРЛИЧЕВЕЦ кој го одбележа своето образование со континуиран одличен успех и активно организирање и учество во проекти во и вон училиштето.
ИВО ГЕОРГИЕСКИ
Ви го честитаме успехот, деца наши! Продолжете да чекорите по патот со ѕвездите и нека само небото ви биде граница!Истовремено им честитаме на вашите одделенски наставници и предметни наставници кои препознавајќи го вашиот труд и амбиција континуирано ве поддржува изминатите 9 години, пишуваат од училиштето.