

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 13.06.2023 год. (вторник), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 04.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени : зелените површини во Општината, пречистителниот каскаден таложник на канализационен систем, крајбрежјето на вештачкото езеро „Јанков Камен”, околината на Вевчанските извори, урбаната населба Вевчани како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 030.