Маленко: Автобусите со туристи од аеродром до Охрид патуваа 2,5 часа!

Познатиот туристички работник и сопственик на туристичката агенција „ВисПој“ во Охрид со остра реакција за затворањето на влезот на Охрид кај Подмоље.

-Информацијата која одекна дека 45 дена( ако се Германски 45 дена, по Наши стандарди мојт и 145 дена) ќе биде затворен дел од магистралниот пат од Подмоље до Охрид, ме потикна да испратам еден АПЕЛ до надлежните!
Системски пред секоја сезона Охрид добива опструкции во реализирање на туристичката сезона од одредени не промислени потези на одредени институции веќе 20 години, колку сум во овој Еснаф!
Ќе почнам од Најновата опструкција или непромислен потез од надлежните институции:
1. Затворање на главната артерија, а тоа е влезот во Охрид! Поточно делницата од Подмоље до Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кoj нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај во сезоната.
– Автобусите со туристи од аеродром до Охрид вчера патуваа два и пол часа! Авионскиот лет од Амстердам до Охрид трае два часа и триесет минути!
Авионите од Катовице и Варшава пристигаат за два часа!
Автобусите од Аеродром Охрид до Хотелите за 14-15 км пристигаат за два и пол часа!
Што е ова ако не Опструкција и намерно уништување на туризмот!?
2. Од 2014 година се гради Автопатот од Кичево до Охрид, сега сме 2023г. И Баш сега кога треба Секторот туризам да одработи во сезонава се сетија дека треба да ни го затворат патот сред сезона, зш се отепа од работа пролетва и есента!
Ова е за да влезе во учебници како не треба да се гради автопат!
3. Секоја Година се лиферуваат информации како езерото е загадено, имат змии, студена е водата, па има плажи скапо наплаќет, па нема плажи смрдено е скапо било и тн. можам до утре да набројувам, пишува Маленко на својот фејсбук профил.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани