Улична тепачка во Струга, во бугарските медиуми претставена како политички инцидент

Бугарските медиуми и политичари уште една улична тепачка, нерасчистени односи меѓу двајца, ја искористија за нивните цели, а тоа е да покажат дека во Македонија владее антубугарско расположение.

Во Струга, вчера  физички бил нападнат Бекир Кадриески, кој е претседател на струшкото бугарско здружение „Шемето”. МВР соопшти дека се работи за нерасчистени односи меѓу две лица.

За овој инцидент имаше и официјално соопштение:

„Жител на струшкото село Велешта денеска околу пладне физички нападнал лице од селото Лабуништа. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути. Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи“.

Бугарските медиуми јавија дека Кадриески бил соборен на земја и клоцан, а напаѓачот, лице од Велешта, за кој се претпоставува дека е Албанец, го навредувал по етничка основа – „валкан Бугарин”.

И веднаш на ова се надоврзуваат инфомациите дека Кадриски е тешко повреден, дека едваj зборувал, дека нема соодветна медицинска нега…

Од струшката општа болница велат дека Кадриески немал сериозни повреди, бил видно вознемирен и му бил даден само седатив.

Во болницата покрај полицијата присутен бил и бугарскиот конзул, испратен во Струга по итен налог од Софија. Кадриески побарал со него да зборува на само.

Инаку Кадриески е државјанин на Македонија, живее во струшко Лабуништа, нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.

Извор МКД

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани