Нова водоводна линија на ,,Македонски просветители”

Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на улицата „Македонски Просветители“, на потегот од ЕВН до крстосницата со улицата „Абас Емин“ кај Територијалната противпожарна единица.

 

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите и решавање на долгогодишниот проблем на овој дел од градот, за кој беше ветено и во мојата предизборна програмата, се заменува стариот и дотраен салонитен цевковод со профил ф100 мм и се поставува нов цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф 160 мм во должина од 325 метри, информира градоначалникот Пецаков.

Покрај поставување на новата линија, приклучени се и сите објекти од околината во истата, а воедно заменет е со нов и главниот вентил со профил ф 200 мм. Средствата во вредност од 5 860 762 денари за реализација на проектот, се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа на Општина Охрид .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани