Охрид го добива првиот трговски центар

По преземањето на „Охрид Мол“ од страна на новиот сопственик FORTON, нашиот туристички бисер Охрид и регионот за прв пат ќе добијат современ шопинг центар. Според наши информации, наскоро се планира отворањето на овој значаен проект за градот.

Во моментот интензивно и со полна пареа се работи на уредување на внатрешноста на објектот, за што се ангажирани голем број на екипи. Покрај активностите на терен, паралелно се преговара и со потенцијалните закупци и брендови кои во добар дел ќе бидат интернационални и за прв пат присутни во Охридскиот Регион, пишува порталот Точка. 

 

Лоциран на одлична позиција и на доста фреквентна локација во непосредна близина на автобуската станица, „Охрид Мол“ ќе располага со површина од 17 000 м2.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани