Се реконструираат детски игралишта во Охрид

Активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта продолжуваат. Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј.

 

Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити, информира градоначалникот Пецаков.

 

Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани