Прво место и благодарница на државниот рецитаторски натпревар

Диплома за освоено прво место на Александар Ковачески (IV-7) и благодарница за учество на Константина Крежеска (III-5) под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на рецитаторскиот натпревар за средно образование за 2023 г. во рамките на државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој се одржа на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” – Скопје во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Македонија.

Стиховите од ,,Бела тага на изворот” – Ацо Шопов и ,,Во Шлегово куќа шимширова” – Лидија Димковска звучеа совршено кога се изрецитирани од душата и грлото на нашите врвни рецитатори.

Александар Ковачески по двата круга беше најдобар меѓу средношколците во Македонија со најправилна употреба на јазичната норма, најемоционален израз, најумерена артикулација и најточно почитување на версификација.

Нека се нижат награди како ѓердан бисери од стихови интерпретирани од нашите рецитатори!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани