Конгресниот туризам бележи значителен пораст

Конгресниот туризам на брегот на Охридското Езеро во подем. После двегодишна пауза поради пандемијата , кога овој вид туризам со рестрикциите замре, и беше заменет со хибридни онлајн настани, годинава бележи огромен пораст.
Почнувајки од април во двата градови на брегот на езерото се одржаа десетици конференции, семинари и конгреси, кои ќе ги надополнат големите загуби од претходните години.

-„Сега се зголемува бројот на посетеноста на било кој конгрес, семинар одзивот е многу поголем што значи дека резултатите од крајниот исход на на завршниот настан е позитивен и носи 0200 позитивна атмосфера за сите“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Хотелите се повеќе инвестираат во градење и осовременување на конгресните сали.Ако во минатото конгресниот туризам беше актуелен само во есенските и зимските месеци, годинава е најзастапен во пролетните месеци и на стартот на летото.

„Сега се поместија тие граници и се бара за овој вид на туризам малку подобро време, за самите учесници да можат да уживаат во околината. Може да се каже дека до некаде 5 до 10 јули имаме закажано вакви настани“, додава Блажески.

И покрај дождливото време во мај и јуни, според пресметките на ХОТАМ на брегот на Охридското Езеро се бележи пораст на бројот на ноќевања. Туристичките работници очекуваат годинава да се надмине бројот на туристи од рекордната 2019 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани