Во еден ден регистрирани четири случаи на насилство

Насилството во пораст. Во смао еден ден во билтенот на СВР Охрид регистрирани четири засебни случаи. Еден тепал полицајци, друг соселанец, трета сопругата, а четвртитот го нападнал татко си.

На 18.06.2023 година во 04,35 часот, во СВР Охрид приведен е Д.Б.(27) од Охрид. Тој, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои на улицата „Егејска“ во Охрид преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.06.2023 околу 23 часот, во охридското село Трпејца, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Ф. врз Н.Ф.(18), двајцата од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.06.2023 во 17.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Ј.Т. од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.06.2023 околу 19 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е В.П.(33) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, со дрвен предмет го нападнал неговиот татко. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани