Втора интервенција на Планинската служба, повреден спортист кај Рамне

Втора интервенција на Планинската спасителна служба. Во 12:05ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од страна на група спортисти од Охрид, кои над с. Рамне изведувале редовен трениг за планинско трчање, при што еден член од групата се здобил со повреда на коленото што го оневозможило неговото движење. Еден тим на ПСС, со теренско возило веднаш се упати на терен и по укажаната прва помош, во 13:40ч. повредениот беше спуштен во Охрид.

Можно е да е слика од 2 луѓе
По синоќешната потрага на исчезнато лице во Дебрца, која траеше до раните утрински часови, ова е втора интенвенција на ПСС во последното деноноќие, што се надеваме дека не претставува лоша најава за претстојната сезона.
На сите авантуристи им посакуваме убави и безбедни планински моменти, а доколку се најдат во било каква неприлика, веднаш да побараат помош, пишуваат од ПСС Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани