

Со круг околу Охридското езеро, денеска се одбележува Денот на Охридското Езеро. Педесеттина велосипедисти со електрични велосипеди на компанијата Epower , утрово поаѓаат од градскиот плоштад Охрид преку граничниот премин Ќафасан, Лин, со пауза кај Поградец се враќаат преку Свети Наум во Охрид.
-„Целта на оваа вело авантура е да се подигне јавната свест за заштита на Охридското Езеро, да ги остваиме автомобилите да возиме е бајк за да го подобриме психичкото и физичкото здравје, но и да ја чуваме природата“, вели Блаж Стефанија организатор.
Стефанија е охриѓанец, кој живее во Словенија, утрово беше гостин во утринската програма на МРТ и зборуваше за придоби9вките од користење е-велосипеди, кои се пракса во развиените земји.