Судскиот совет ќе ги проверува наводите на Стејт Департментот за струшкиот градоначалник Мерко

Судскиот совет ќе ги проверува наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, во поглед на ставањето на струшкиот градоначалник Рамис Мерко и неговото семејство на црната листа на САД, квалификувајќи го како неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значајна корупција. Ќе биде формирана посебна комисија, која ќе врши контрола во судот.

Од Судскиот совет велат минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд. Но, напоменуваат дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга.

Мерко денес остана недостапен за медиумите, откако без никакво образложение беше откажана свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Охридското Eзеро.

Од кабинетот на градоначалникот велат чевствувањето на денот на Охридското Езеро е откажано бидејќи Мерко имал неодложни обврски, а за одлуката на САД дополнително ќе се произнесат со свој став

После 23 години континуирано свечено одбележување на Денот на Охридското Езеро, настанот денес иако беше уредно закажан, во Струга, како овогодинешен домаќин на церемонијата , прославата не се одржа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани