ФОТО: Плоштадот „Мини маркет“ урбано катче за дружба

Плоштадот кај „Мини маркет“ во Охрид  уредено урбано катче за дружба. Неодамна по налог на општина Охрид, заврши санација на овој плоштад кој беше неуреден и имаше поголеми оштетувања. Се изврши санација на урбаната опрема, поставени  се нови клупи за седење и корпи за отпадоци. Исто така извршено  е соодветно хортиклутурно уредување на зелените површини со нови цветни насади и зеленило.

-„Повеќе од среќен сум, што после комплетната реконструкција, плоштадот Мини маркет повторно прераснува во урбано катче за дружење за сите генерации“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Пецаков.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани