Голем број посетители на вториот Вински фестивал во Охрид 

Голем број посетители, охриѓани и туристи, синоќа уживаа во безброј вински  вкусови и  убава музика во Охрид. Со  Вториот Вино Фест,симболично  се означи и  стартот на летната сезона. Повеќе од 25 винарии го промовираа  македонското вино кое  се вбројува во  најубавите во Европа и светот.

Можно е да е слика од 6 луѓе, вино и толпа

Нема опис за фотографијата.

-„Годинешниот вински фестивал е поголем од минатогодишниот, 25 винарии со многу посериозен пристап на целиот настан и од винариите и од сите нас. И лани може да кажеме дека имавме успешен фестивал, една успешна проба.Се надеваме дека секогаш оваа приказна ќе биде симболично најавување на туристичката сезона. Сакаме да направиме еден вид на интернационален фестивал, бидејки ние сме винска земја и Охрид е правото место, а јуни е правото време“, вели Пане Темов организатор на Вино Фест.

Можно е да е слика од 2 луѓе, осветлување и толпа

Забавата ја загреваа Баклава, Миле Кузмановски и Дарио. Годинава фокусот беше ставен на домашните вина, но  планот е  оваа винска приказна да  стане белег на Охрид и традиција за градот и винската култура во земјава, но и пошироко.

Нема опис за фотографијата.

„Нашата крајна цел е овој фестивал да прерасне во регионален и традиција, работиме на тоа во преговори сме веќе со мнгу винарии од регионот и од надво. Се надеваме дека во следните години ќе го достигнеме и тоа. Така да овде сега имаме прекрасни наши вина да дегустираме и многу богата музичка програма“, додава Темов.

Можно е да е слика од 12 луѓе, телевизија, звучник, толпа и текст кој вели „一 安 OHRID WINE Vol.2 FESTIVAL 2023 NVCRAFI 22.06.23 4eTBpToK 2023 THURSDAY NIGHT 22.06 24.06.2023 2023 BAKLAVA VINEFEST“

Примарна цел на Охридскиот вино фест е да ја збогати туристичката понуда на градот,   да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата. Во исто време, на посетителите им овозможува да уживаат во врвни домашни  вина и квалитетна  музика.

Можно е да е слика од 2 луѓе, вино и текст

Вечерва на музичката сцена ќе настапат  Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи.

Можно е да е слика од 12 луѓе, дирндл здолниште и толпа

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани