

На едно место беа собрани 200 ( двеста ) деца од Р. Србија, Албанија и Македонија. Најуспешни во своите категории беа екипата на Нова Варош од Србија У 16 – жени, во конкуренција У14 жени – првото место го освои екипата на МЗТ – Скопје, во категорија У 14 мажи , првото место припадна на екипата на Елите – Баскет – Албанија и прво место во категорија У12 беше екипата на КК Колибри – Охрид. Во категорија младинци У16, пехарот припадна во рацете на екипата на Декса од Прилеп.
Посебен момент беше ревијалниот натпревар кој се одржа помеѓу старите членови на КК Колибри и Дел од тренерите на турнирот заедно со младинците на екипата на Декса – Прилеп.
Овој турнир ги собра сите симпатии на учесниците и веќе со неговото свечено затворање започнуваме со припреми за следната сезона. Ние како клуб ќе се насочиме овој турнир да постане традиционален и да биде спортска увертира во летната туристичка сезона.