ВИДЕО: Силно невреме со град, дожд и ветер го погоди Охридскиот регион

Поплавени места, куќи, дворови, Сите пумпи со кои располага Локалната самоуправа се ставени во функција а доколку е потребно ќе се набават и дополнителен број на пумпи. На најголем дел од критичните места водата ќе се исцедува преку колекторот кој е ставен во 100 постотна работа на моторите а за проблемите кои настануваат со атмосферската и фекалната канализација на терен се Јавните претпријатија кои ги чистат сливниците а се чистат и наносите од земја кои поради обилните дождови се слеваат на патиштата. Градоначалникот Пецаков вели дека до крајот на денот ќе се создадат услови сообраќајот секаде низ градот да се одвива нормално.

Огромни штети врз земјоделските насади предизвика невремето што го зафати регионот на Охрид, Струга и Дебарца проследено со врнежи од град со големина на орев, грмотевици но и засилен ветер. Има и поплавени места, куќи, дворови, а граѓаните се жалат и на оштетени автомобили.
Од Општина Охрид велат дека досега се пријавени само штети од поплави но очекуваат најголемите поплаки да се од земјоделците кои допрва треба да пристигнат.

„Најголем проблем е отежнатиот сообраќај на одредени пунктови каде што имаме сериозен проблем со водата којашто е надојдена, има поплавени домови. До овој момент освен поплавите на одредени места нема други пријавени штети а на земјоделските површини очегледно штетата ќе биде огромна. Дополнително ќе се сумираат сите резултати кои земјоделците ќе ги пријават своите штети. Не чека сериозна работа, Охрид го зафати невреме кое траеше повеќе од половина час со големи зрна на град колку орев и природно и нормално е да има штета“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Пецаков вели дека сите пумпи за исцрпување вода со кои располага Локалната самоуправа се ставени во функција а доколку е потребно ќе се набават и дополнителен број. На најголем дел од критичните места водата ќе се исцедува преку колекторот кој е ставен во 100 постотна работа на моторите а за проблемите кои настануваат со атмосферската и фекалната канализација на терен се Јавните претпријатија кои ги чистат сливниците а се чистат и наносите од земја кои поради обилните дождови се на патиштата. Градоначалникот Пецаков вели дека до крајот на денот ќе се создадат услови сообраќајот секаде низ градот да се одвива нормално.

Штетите во земјоделството допрва ќе се утврдуваат но граѓаните коментираат дека им е уништено се што посадиле. Велат, скоро и да не остана ништо

Во Охридскиот регион за денеска се најавуваат нови интензивни врнежи проследени со силен ветер.

ВИДЕО:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани