Две лица од скопско, нападнале охриѓанец и му го одзеле автомобилот

Две лица од скопско, нападнале охриѓанец и му го одзеле автомобилот.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.(26) од скопското село Горно Врановци, А.А.(22) од Арачиново и Н.С.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тие, на 25.04.2023 година, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во ноќен клуб во Охрид, физички го нападнале Д.Т. од Охрид по што Б.М. со пиштол го удрил во пределот на главата и, му го одзеле неговото моторно возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани