Обилните врнежи го зголемија нивото на Охридското Езеро

Обилните врнежи во текот на пролетните месеци  го зголемија нивото на Охридското Езеро. Денешната кота изнесува  693,61 м.н.в. На почетокот на март нивото на езерото беше пониско за цели 42 сантиметри. Но постојаните флуктуации на нивото на Охридското Езеро се штетни,  алармираат еколозите.

Најголемото природно езеро не смее да се користи како акумулација за производство на електрична енергија. Еколозите со години алармираат за штетите од  осцилациите.

„Да се направат две мини акумулации во Дебрца, една Радомирово, една во селото Годивје и кога ќе се намали нивото на водата на Охридското Езеро преку реката сатеска да се пушта вода во Охридското езеро за одржување на нивото на езерото. Мора котата да биде стабилна и да ја сочуваме“, вели Лазо Наумоски еколог.

Охридското езеро се смета за старо околу  три милиони години, флуктуацијата на нивото, од преполно до испразето предизвикува драстични негативни промени врз ендемичниот  растителен и животински свет.

– „Ако е пониско нивото се создава една бучава во Охридското езеро и сиот рибен фонд кој што се наоѓа во нашиот дел бега во албанскиот дел. Затоа што во албанскиот дел има 23 извори, а во македонскиот дел 17 . И кога ќе се соочи со таква бучавост популацијата на пастрмка и сите други риби се вознемируваат. Им треба повеќе кислород и на тој начин ги бркаме тамуи затоа повеќе риба има во албанскиот дел на езерото“, вели Наумоски.

Изминативе години еколозите честопати апелираа да му се одземе правото на ЕЛЕМ да управува со нивото на Охридското езеро.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани