Две први места за струшките пензионери на Регионалните спортски игри

Во рекреативниот центар „Пешта“во Македонски Брод се одржаа 27-те Регионални спортски натпревари. Учесници беа од ЗП Охрид и Дебрца,ЗП Струга,ЗП Дебар и центар Жупа, ЗП Кичево, ЗП Вевчани, ЗП Лабуништа и домаќинот ЗП Македонски Брод, а се натпреваруваа во 11 дисциплини,.
На учесниците и другите присутни добредојде и успех на натпреварите им посака претседателот на ЗП Македонски Брод Венко Ристески, а посебен поздрав упати до претседателот на СЗПМ Станка Трајкова, до градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески.
Претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ги поздрави присутните,  посебно истакнувајќи ги активностите на пензионерите и нивното дружење и им поска успех и Регионалните спортски натпревари ги прогласи за отворени.
Здружението на пензионери од Струга, кое зеде учество во сите дисциплин и освои две први места во категоријата мажи фрлање на кош и жени шутирање на мали гочиња.
На најдобрите екипи и поединци им се доделија дипломи, а на сите Здруженија на пензионери благодарници за учество. Со оро и песна заврши заедничкото спортско дружење.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани