Се сертифицираат туристичките бизниси во Вевчани

Се сертифицираат туристичките бизниси во Вевчани. Познатите угостителски објекти етно куќи, ресторани и сместувачки капацитети ќе добијат зелени сертификати. Тие во својата понуда ќе вклучуваат локални производи мед, сирење, млеко, јајца, зимница, ракотворби…. Овој чекор е во рамките на тоа што општина Вевчани стана првата зелена дестинација во земјава. Целта е подобар развој на одржливиот туризам, но и поголема вклученост на локалните производители. Туристичко угостителските објекти ќе нудат еко услуги во своите понуди ,домашна храна од тоа поднебје за посетителите, но со процент од својот прихд ќе учевсвтуваат во еко заштита на природата.

-„Одреден процент од продажбата на самите туристички производи од сите сертифицирани бизниси ќе имаат учевство дел ќе отстапат на општина Вевчани како екосистемски услуги со цел зачувување на природата односно одржување на природните убавини во Вевчани“, вели Александра Велковска туризмолог.

Преку програмата за зачувување на природата се дава можност да заживее локалната економија а воедно и да се подигне јавната свест за зачувување на животната средина.

-„Вевчани е тоа што е ние не сакаме да го менуваме , се е убаво што се случува тука само што со една поинаква структура и организираност даваме можност и ѓанси да може локалната економија како прво да заживее а како втро се подига и јавната свест за зачувување на природата“, вели Наталија Меловска од МЕД.

Вевчани сместено под падините на Јабланица со својата природна убавина ,старата градба ,вевчанските извори веќе е афирмирана привлечна дестинација за туристите во текот на целата година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани