

Жител на Турција неовластено влегол во резиденцијален објект во Охрид, тој е приведен.
-„На 27.06.2023 година во 12.50 часот во СВР Охрид е приведен К.М.С.(21) од Република Турција. Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап. Него му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.