ВИДЕО: Улицата „Марко Цепенков“ во Охрид со нов лик

Завршува реконструкцијата на улицата “Марко Цепенков” во Охрид.

Асфалт е поставен  во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини. Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик.

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари, од кои 5 000 000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид.

ВИДЕО:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани