Шест гимназијалци добија сертификати за најдобри есеи

Шест наши гимназијалци под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски добија сертификати за учество на Конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе и се застапени во печатената публикација „Средношколски размислувања 7“ како дел од најталентираните средношколци од средните училишта во Македонија.

Есеите на нашите талентирани гимназијалци зрачат со оригиналност, креативност и визионерство на следниве теми:

Ана Голабоска (III-1) – Чекорењето кон животот

Наталија Секулоска (III-1) – Во огледалото: сликата за нас самите

Кјара Лазаревска (III-1) – Што научивме од грешките

Калина Јованоска (III-2) – Јазикот наш денешен

Наталија Савеска (III-2) – Во огледалото: сликата за нас самите и Што научивме од грешките

Тамара Трајческа (IV-1) – Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот.

Нека збирката есеи биде извор на инспирација за сите!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани