

Охриѓанец физички нападнал полицајци на должност.
-„СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Г.(41) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Тој, на 08.06.2023 година околу 22.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија, упатувал вербални закани а потоа и физички ги нападнал“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.