Не запловија најавените еколошки бродови по Охридското Езеро

Не запловија најавените еко бродови по Охридското Езеро.  Проектот започна пред три години,одобрени беа   1 милион и 500 илјади евра од ИПА програмата за прекугранична соработка. Со нив беше предвидена  набавка на два   еко  бродови на електрична енергија, кои  ќе служат за крстарење, и водено поврзување на трите езерски градови. Ваквите бродови се согласно препораките на УНЕСКО за развој на водениот сообраќај без штетни псоледици врз еко системот.

Доколку не заврши реализацијата до крајот на годинава  овој проект ќе пропадне.

-„Имавме многу кочници едноставно не успеавме. Има една последна шанса очекуваме некоја промена ако тоа се случи ќе биде позитивно за сите. Тоа е една преголема атракција со што би се развивал бродскиот сообраќај“  , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Бродското поврзување на трите езерски градови требаше да  биде нова  димензија во туристичката приказна на Охридското езеро, да овозможи патување од Свети Наум до Радожда, а со тоа и поголема посетеност на сите локалитети вдолж брегот на езерото.

„Водениот сообраќај во Македонија во моментов е 95% е Охрид- Свети Наум. Имаме пристаниште во Охрид и во Свети наум и тоа е се што имаме. Секако дека е заштитено, не зборуваме да го загадиме езерото, зборуваме да се користи тој воден сообраќај помодерно подобро,   постојат електрични бродови“, додава Крсте Блажески.

Во минатото со брод биле поврзани трите градови, а во седумдесеттите години имало редовна бродска линија Охрид Струга. По половина век пауза во 2014 година беше возобновена  бродска линија меѓу Охрид Поградец, која поради слабиот интерес на комерцијалните бродови згасна во 2017 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани