Менкиноски: Не постои закон да ме спречи да го развеам македонското знаме

Во основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето што се води против адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за нарушување на јавниот ред и мир.

Судењето се одложи бидејќи во судот не се појавија претставници на министерството за внатрешни работи, кои против него поднесоа прекршочна пријава според која Менкиновски е виновен за истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон.

И овојпат пред судот се собраа стотици граѓани во знак на поддршка на обвинетиот, кој го постави 40-метарското знаме на првиот ред од самоиловата тврдина во центарот на Охрид.

Менкиноски во својата изјава за медиумите рече не постои закон што може да ме спречи да го развеам македонското знаме.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани