Се сертифицираат туристичките бизниси во Вевчани

Се сертифицираат туристичките бизниси во Вевчани. Угостителските  објекти,  етно куќи,  ресторани и сместувачки капацитети добиваат зелени сертификати. Овој чекор е во рамките на проектот  општина Вевчани – првата зелена дестинација во земјава.

Целта е  подобар развој на одржливиот туризам, но и поголема вклученост на локалните производители. Туристичко угостителските објекти ќе нудат домашна храна и производи, а  со процент од својот приход ќе учествуваат во еко заштита на природата.

-„Одреден процент од продажбата на самите туристички производи од сите сертифицирани бизниси ќе имаат учевство дел ќе отстапат на општина Вевчани како екосистемски услуги со цел зачувување на природата  односно одржување на природните убавини во Вевчани“, вели  Александра Велковска туризмолог.

Преку програмата за зачувување на природата се дава можност да заживее локалната економија,  а воедно и да се подигне јавната свест за зачувување на животната средина.

-„Вевчани е тоа  што е ние не сакаме да го менуваме , се е убаво што се случува тука само што со една поинаква структура и организираност даваме можност и ѓанси да може локалната економија како прво да заживее а како втро се подига и јавната свест за зачувување на природата“, вели Наталија Меловска од  МЕД.

Вевчани, сместено под падините на Јабланица со својата природна убавина ,старата архитектура, вевчанските извори веќе е афирмирана атрактивна еко- дестинација за туристите во текот на целата година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани