„Книгата најдобар другар на децата“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа од понеделникот 3 јули започна да го спроведува завршниот десетдневен дел од Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“.

Со помош на педагози и наставници од Општинските основни училишта: „Св. Климент Охридски“, „Братство – Единство“ и „Григор Прличев“ одбравме дваесеттина деца кои од септември ќе се во петто одделение. Тие во Библиотеката и надвор од неа заедно со нашите колешки се дружат и запознаваат и со нивна помош ќе навлезат во светот на книгата, токму на нејзиниот извор – Библиотеката.

-Ние како НУ-библиотека ,,Григор Прличев’’ имаме задача да ја доближиме библиотеката до децата кои се нашата иднина, да им помогнеме да ја засакаат книгата која може да биде нивен најдобар другар.
Предмет на проектот се едукативни книги (енциклопедии), книги со висококвалитетна содржина и привлечни слики. Целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација со која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата и слично. За време на часовите децата ќе може да го искористат својот талент за пишување и цртање. Овој проект е одобрен од министерството за култура на Република Северна Македонија, информираат од НУ Библиотека Охрид.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани