

На 07-ми јули во Хотел „Lakeview“, Отешево со почеток од 12 ч. ќе има обука/работилница на тема Обука за геоморфологија на почви на територијата на биосферен резерват Охрид – Преспа, за проектот Постигнување на неутралност на деградација на земјиштето и климатските влијанија на територијата на биосферен резерват Охрид – Преспа, во рамките на Договорот за доделување на грант склучен помеѓу Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест (Донатор) и Здружението за одржливо управување со природните ресурси НАТУРА ПРЕСПА Претор, Ресен (Грантист).
Работилницата ќе има интерактивен пристап со практични објаснувања и примери и присутните ќе имаат можност да се запознаат со геоморфологија и распространетост на почвени типови на територија на биосферен резерват Охрид – Преспа.
Упатуваме топла покана до сите поединци, организации и засегнати страни кои имаат желба да се вклучат во борба против деградација на земјиштето и климатските влијанија на територијата на биосферен резерват Охрид – Преспа. Потребно е колективно да се справиме со итните предизвици за деградација на земјиштето.
Предавач: Вонреден професор д-р Миле Маркоски, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје – Универзитет Св.Кирил и Методиј