

Изложбата „Сретењски Устав“ ќе биде поставена во Охрид на 8 јули, во организација на почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, г-ин Михајло Филев, со поддршка на Државниот архив на Македонија – одделение Охрид, а во соработка со Педагошкиот музеј на од Белград, пишува Трн.мк.
Изложбата подготвена од д-р Александра Миловановиќ и докторант Филип Цветковиќ ќе се отвори на 8 јули со почеток во 19 часот во изложбениот салон „Григор Прличев“ – Центар за култура Охрид.
Таа е резултат на меѓународна соработка меѓу двете земји.
Изложбата се состои од 18 банери на кои се претставени членовите на Сретењскиот Устав усвоен на 15 февруари 1835 година. Авторите на изложбата, Александра Миловановиќ и Филип Цветковиќ, на малку поинаков, едукативен начин сакаат да ги запознаат посетителите со еден од најважните правни документи на Србија од 19 век, кој го манифестираше вистинскиот демократски потенцијал на српскиот народ.
„Изложбата „Сретењски Устав“ зборува за првиот и најважен документ што го усвоил Кнежевството Србија во 1835 година.