Во завршна фаза е проектот за воспоставување на едношалтерски ситем  на граничниот премин  Ќафасан

Директорите на македонската и албанската Царинска  управа  извршија  увид на граничниот премин Ќафасан, во однос на  воспоставувањето  едношалтерски ситем – заеднички контроли. Проектот е во завршна фаза, граничните формалности  со едно  застанување ќе значат   олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.

На Ќафасан е веќе воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила од земјите од Отворен Балкан.

 „Во моментов во царинската управа во подготовка се проекти за зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на граничниот премин.  Сите овие активности се во насока на побрзо завршување на царинските постапки намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар“, истакна Стефан Богоев директор на Царинска Управа на С. Македонија.

Протоколите со Албанија за имплементација на „one-stop shop“ на преминот Ќафасан- Caftane беа потпишани во ноември лани.

-Тука сме за еден многу важен проект за едношалтерски систем (one stop shop) кој ќе го подобри животот и бизнисот не само во Северна Македонија и Албанија, туку и во регионот“, истакна директорот на Царинска Управа на Албанија Генти Гажели.

Инфраструктурните зафати се очекува да завршат за неколку месеци и конечно да стартуваат заедничните гранични контроли.

Идејата за воспоставување на one stop shop на граничниот премин ќафасан беше востановена во 2018 година. Завршија сите административни процедури остануваат инфраструктурните зафати.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани