Охриѓанка ќе биде невеста на Галичка свадба

Oхриѓанката Елисавета Булоска, годинава  ќе биде галичка невеста, а нејзиниот избраник Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески е зетот.

-„Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!“, соопштина од МЗ Галичник.

Нема опис за фотографијата.

Галичката свадба е манифестација која ја чува и негува традицијата, а се одржува секоја година околу Петровден. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали: пиштењето на зурлите, чукањето на тапаните, свекрвиното оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата “Св. Петар и Павле “, како и надалеку познатата галичка носија, изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите.

Од 14-ти до 16-ти јули ќе се одржи Галичката свадба. Манифестацијата која ја слави традицијата и љубовта годинава одбележува 60-годишен јубилеј.

Месната заедница Галичник, воедно  ја објави програмата за годинешната јубилејна 60-та Галичка свадба.

Можеби е графика на текст

Можеби е графика на текст

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани