Отворена изложбата „Сретењски устав“ во Охрид

Изложбата „Сретењски Устав“ отворена во  Охрид на 8 јули. Натсанот е  во организација на почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, Михајло Филев, со поддршка на Државниот архив на Македонија – одделение Охрид, а во соработка со Педагошкиот музеј на од Белград.

Изложбата  е подготвена од д-р Александра Миловановиќ и докторант Филип Цветковиќ , а е поставена и достапна за сите во следните две недели во изложбениот салон „Григор Прличев“ – Центар за култура Охрид.

Нема достапен опис.

-„Оваа изложба е  резултат на меѓународна соработка меѓу двете земји. Таа се состои од 18 банери на кои се претставени членовите на Сретењскиот Устав усвоен на 15 февруари 1835 година. Авторите на изложбата, Александра Миловановиќ и Филип Цветковиќ, на малку поинаков, едукативен начин сакаат да ги запознаат посетителите со еден од најважните правни документи на Србија од 19 век, кој го манифестираше вистинскиот демократски потенцијал на српскиот народ“, истакна почесниот конзул Филев кој ја прогласи изложбата за отворена.

„Изложбата „Сретењски Устав“ зборува за првиот и најважен документ што го усвоил Кнежевството Србија во 1835 година.

Нема достапен опис.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани