Анкета ИРИ: На избори ќе победи ВМРО ДПМНЕ

Според најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ ако во недела има избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласаат 19 проценти од анкетираните, наспроти 11 отсто за СДСМ, 8% за ДУИ за Алијанса 5 и за БЕСА 4 отсто.

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори престојната недела.

Анкетата на Меѓународниот инситут покажува дека во македонската влада најдобар министер, е Оливер Спасовски. Потоа следи премиерот Ковачевски, па Бујар Османи, па Артан Груби.

Груби е на врвот на листата кога граѓаните се прашани „кој министер не работи како што треба“.

Меѓу претседателите на партии Али Ахмети со 6 проценти е најпопуларен, по него со поддршка од 5 проценти се поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и Мицкоски, премиерот Димитар Ковачевски има поддршка од 4 отсто.

Кај политичарите најголема доверба меѓу анкетираните граѓани има претседателот Пендаровски со 38 проценти довебра од испитаници. Втор е поранешниот премиер Никола Груевски, па потоа следи актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па премиерот Димитар Ковачесвки, кому му се доближува лидерот на Левица Апасиев. За Зоран Заев позитивен став имаат 20 отсот од испитаниците, а за Али Ахмети 16 отсто.

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена на 1208 испитаници во период од 8 април до 4 мај 2023 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани