Изложба на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45” во НУЦ “Куќа на Уранија”

Изложба на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45” во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид.

Може да биде црно-бела слика од 2 луѓе и дете

Ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид). Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.Изложбата го опфаќа периодот на Втората светска војна, како и времето пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид. На фотографиите е прикажан животот во Охрид за време на војната, граѓаните, војниците присутни во градот и секојдневните активности на Охриѓани.

Отворањето на изложбата е на 11.07.2023 (вторник) во 20 часот во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид, а истата ќе биде поставена до 19 јули 2023 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани