Општина Охрид во најдобрата група институции по активна транспарентност

Општина Охрид со 85,7 % релативно високо ниво на активна транспарентност е во најдобрата група институции со ,,многу добра” активна транспарентност според редовното годишно рангирање на Центар за граѓански комуникации / Center for Civil Communications – CCC.

Дури 36 општини (лани 30) се наоѓаат во најдобрата група на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност, односно со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 80 % до 100 %.

Активна транспарентност значи објавување информации на сопствена иницијатива на институциите без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Наспроти тоа, во случаите кога до институцијата се доставува барање за одредена информација, станува збор за ’реактивна транспарентност‘. Се чини дека развојот на техниката и технологиите одат рака под рака и ја помагаат активната транспарентност на институциите, бидејќи начините за дистрибуција на информациите што ги поседуваат институциите, а што се од корист за граѓаните, се побројни и полесно достапни.

Својата транспарентност годинава ја подобриле 47 општини (лани имаше подобрување кај 68 општини).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани